Стејт Департмент: Корупцијата има потенцијал да ги поткопа стратешките амбиции на Северна Македонија

Од:

Корупцијата има потенцијал да ги поткопа стратешките амбиции на Северна Македонија, изјавија од прес-службата на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на прашањето дали новите измени во Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за злоупотреба на функцијата и за злосторничко криминално здружување ќе ги отежнат напорите на САД да помогнат во борбата против корупцијата во државата.

-Ја охрабруваме Северна Македонија да ги исполни нејзините ветувања за борба против корупцијата. Лидерите на Северна Македонија мора да покажат силни, опипливи, антикорупциски резултати преку зајакнување на институционалната независност и спречување на политичкото мешање, особено во судствотото, што е од суштинско значење за исполнување на целите за пристапување во ЕУ и градење доверба на граѓаните во владата, се вели во изјавата од Стејт депаертментот за Гласот на Америка на македонски.

Собранието со европско знаменце и во забрзана постапка ги помина измените на Кривичниот законик, кои предвидуваат пониски казни за службени лица и функционери кои ќе ја злоупотребат својата позиција, а претседателот Стево Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Мицевски: ДУИ е против независни кандидати на локалните избори, им пречи дури и прагот од 0,5 отсто

Измените во Изборниот законик не поминаа во Собранието поради Бадентер

Катерина Ѓуровски

Независните да треба да соберат потписи од 0,5 проценти од запишаните избирачи, помина амандманот на Левица

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Стејт департмент: Нема значителни промени во состојбата со човековите права во Македонија