Стефковски: Во Гази Баба не се води постапка за издавање на одобрение за градење високатници

Од:

Градоначалникот на општина Гази Баби реагираше на прес-конференцијата на партијата Левица која го обвини дека во општината се води постапка за издавање на одобрение за градење на градба, односно дека ќе се гради „бетонско чудовиште“.

„Ја информирам јавноста дека ваквите тврдења се лажни и дека во рамки на општината не се води постапка за издавање на одобрение за градење на градба какво што се споменува во наведената прес конференција.

Хуманата урбанизација, инфраструктурниот развој и напредокот на општина Гази Баба ќе продолжат и во иднина. Нема да дозволам ниту Левица, ниту било кој да го запре развојот на Гази Баба.

Денес општината носи детални урбанистички планови во јавни и транспарентни постапки низ дијалог со граѓаните и тоа ќе биде така и во иднина, бидејќи народот ја дава навигацијата на нашето идно постапување.

Граѓаните да бидат спокојни. Со заминувањето на СДСМ од општина Гази Баба, заврши носењето на ДУПовите зад затворени врати и во интерес на градежната мафија“, реагираат од кабинетот на Стефковски.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Црвена младина: Мицкоски е отсечен од реалноста – младите не формираат семејства поради ужасни услови за живот

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Левица: ЕУ директно го негира македонскиот идентитет преку сестринските партии на ДПМНЕ и СДС

Левица со амандман бара 600.000 евра за обезбедување престој за жртвите на семејно насилство