Левица: ЕУ директно го негира македонскиот идентитет преку сестринските партии на ДПМНЕ и СДС

Од:

​​Најавените формулации во претстојниот извештај на Европскиот парламент, со кои директно се негира македонскиот јазик и македонскиот идентитет, преку нивна релативизација со придавки како „современ“ или нивно целосно отстранување од текстот. Ова претставува бесрамен и намерен обид за институционално бришење на националниот политички субјективитет на македонската држава, велат од Левица.

„Особено алармантно е што токму десничарската Европска народна партија (ЕПП), каде што членува и ВМРО-ДПМНЕ – ја има поднесено иницијативата за проблематизирање и модификација на македонскиот јазик во официјалниот извештај!

Ова е сериозен скандал и национално предавство, бидејќи додека домашните политички претставници лажно глумат патриотизам, нивните сестрински партии во Брисел активно работат на бришење на македонската историја, култура и идентитет од европските документи.

Овој извештај е уште еден од низа докази дека Европската Унија ги применува двојните стандарди кон Македонија, и дека европските директиви се сѐ почесто алатка за уцена, а не за развој. Наместо да биде простор за заштита на националните идентитети и различности, ЕУ сѐ повеќе станува геополитичка алатка на историски ревизионизам и неоколонијализам.

Ова не е интеграција – ова е национално разградување по директива. Продолжувањето по овој пат не води кон ЕУ, туку кон политички ќор-сокак, идентитетска разграденост и трајно уценета државност.

Во случај Европскиот парламент да го усвои ваквиот понижувачки и опасен извештај, Левица упатува силен апел до Владата на Република Македонија:

Да постапи со решителност и во духот на државната сувереност, наместо со слепа покорност кон надворешни диктати; Да го замрзне евроинтеграцискиот процес, кој прерасна во систем на континуирани уцени и идентитетска деградација; Да го прекине секое понатамошно мешање на Европската Унија во внатрешните прашања на државата, особено оние поврзани со јазикот, идентитетот, историјата и уставното уредување; И, најважно – во најбрз можен рок да се пристапи кон раскинување на Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија, како два штетни и неуставни договори што се директна основа за ваквите напади врз македонската државност и идентитет, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица