Стефковски: Данела Арсовска не ја говори вистината и манипулира со граѓаните

Од:

Соочена со нискиот рејтинг како и со недостаток на реализација на ветените проекти, Данела Арсовска го претвори градот Скопје во центар за лаги, манипулации и креирање на вештачки кризи. Деталниот урбанистички план ЦС 10.03 е предложен од страна на приватен инвеститор, а не од моја страна како што Арсовска ја манипулира јвноста реагира градоначалникот на Гази баба Бобан Стефковски по соопштението од Град скопје Во врска со спорниот ДУП за Ќерамидница.

Ја информирам јавноста за целата досегашна постапка по однос на предметниот Детален урбанистички план:

1.На ден 13.11.2020 година во време кога јас не сум бил градоначалник, од страна на приватен инвеститор е отпочната постапка за изработка на Детален урбанистички план СЦ 10, Блок ЦС 10.03, со доставување на барање за одобрување на планска програма;
2.На ден 05.02.2021 година во време кога јас не сум бил градоначалник, е оддржана седница на Партиципативното тело на општина Гази Баба кое ги разгледало планските програми и по истите немало забелешки;
3.На ден 08.02.2021 година, тогашниот градоначалникот на општина Гази Баба донел Решение за одобрување на планска програма за ДУП за градска четврт ЦС 10, Блок 03;
4.На ден 19.02.2021 година во време кога јас не сум бил градоначалник, Секторот за Урбанизам доставил барање до приватниот инвеститор да го достави Деталниот урбанистички план;
5.На ден 08.04.2021 година во време кога јас не сум бил градоначалник, Комисијата за урбанизам на општина Гази Баба издава Мислење на работната верзија на ДУПот во кое наведува 14 точки со утврдени недостатоци и го враќа планот на инвеститорот;
6.На ден 19.07.2021 година во време кога јас не сум бил градоначалник, повторно на Комисија за урбанизам е разгледана корегирана работна верзија на ДУПот и повторно се наведени 12 точки со утврдени недостатоци и е вратен планот на инвеститорот;
7.На ден 30.09.2021 година во време кога јас не сум бил градоначалник, повторно на Комисија за урбанизам е разгледана корегирана работна верзија на ДУПот и повторно се наведени 13 точки со утврдени недостатоци и е вратен планот на инвеститорот;
8.На ден 12.01.2022 година во време кога јас сум градоначалник, Комисијата за урбанизам повторно разгледува корегиран ДУП и наведува 13 точки со утврдени недостатоци и планот е вратен назад кај инвеститорот.
9.И последно на 12.09.2022 година, Комисијата за урбанизам повторно го разгледува корегираниот ДУП доставен од инвеститорот и утврдува 17 точки со недостатоци и го враќа кај инвеститорот.
Во последното мислење, кое е дадено во време кога јас сум градоначалник на општина Гази Баба на планерот му е укажано дека е потребно да направи хуман и рамномерен развој со почитување на Генералниот урбанистички план на Град Скопје за засегнатите жители, а со цел овозможување на простори за нови зелени површини, јавни простори, училишта, градинки и друго, а не планерот од лукративни интереси поврзани со инвеститорот (финансиерот на ДУПот) да го нарушува хуманото идно живеење.
Поради погоре наведеното, барам Данела Арсовска да се извини бидејќи не ја говори вистината. Документите говорат дека приватен инвеститор, а не јас го има доставено ДУПот во постапката. Не постои ниту еден документ кој го има мојот потпис, а се однесува на овој детален урбанистички план.
Граѓаните на општина Гази Баба да бидат спокојни. Додека сум јас градоначалник на општина Гази Баба, хуманото градење ќе биде приоритет, а за градежната мафија нема да има место во Гази Баба.
Очекувам час поскоро да се закаже расправа во Советот на град Скопје за да се види кој се бил вмешан во предлог планот и која политичка партија го иницирала неговото изготвување.
Апелирам до градоначалничката Арсовска наместо да сее лаги и да се обидува да манипулира со јавноста да се зафати со работа и да ги реализира проектите за кои доби доверба од граѓаните на општина Гази Баба. – напиша Стефковски.

Би можело да ве интересира

Дудуш: Данела нека внимава со какви спектакуларни бројки и изјави се појавува во јавност

Горан Наумовски

Арсовска со подароци кај првороденото бебе во 2025 година

Катерина Ѓуровски

Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата

А1он

Арсовска: Кризите со јавните градски претпријатија се политички мотивирани

А1он

Ѓорѓиевски: Немам прецизна информација дали на Градот ќе му бидат одземени ингеренциите за ЈСП Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот уште не е поднесен, а каде заглавил знае само Арсовска