Стефанова: Намерно се одолговлекува почетокот на судењето за „Титаник“

Од:

Адвокатите на Никола Груевски во предметот за изборни нерегуларности на СЈО „Титаник“ побараа изземање на специјалната обвинителка, Катица Јанева. Судијата Осман Шабани даде пауза од еден час за да одлучат за барањето. Еленко Миланов, aдвокатот на Груевски, рече дека бараат изземање на Јанева оти таа со своите изјави оставала впечаток во јавноста за вина на обвинетите.

„Во повеќе наврати специјалната обвинителка се произнесува во однос на вина, казни и наводна огромна процентуалност на постоење докази обвинетите да се осудат. Со тоа се остава впечаток во јавноста на вина. Се навлегува директно во судските одлуки“, рече Малинов.

На барањето на одбраната на Груевски реагираше специјалната обвинителка Лиле Стефанова, која го застапува обвинението, и рече дека со ова само се сака да се одолговлекува судењето. „Одбраната постојано дава предлози со цел да се купи ден, да се одолговлекува судењето. Во законот не постојат одредби за изземање на специјалниот јавен обвинител. И одбраната во предлогот кој го даде не можеше да каже кој треба да ја изземе Јанева. Затоа бараме да се одбие предлогот“ рече Стефанова.

Покрај Груевски, кој е првообвинет, во „Титаник“ се обвинети уште 20 други лица, поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток