Во Кривичниот суд во Скопје продолжи судското рочиште за предметот на СЈО, „Траекторија“. СЈО за денеска предложи 90-ина докази, меѓу кои: понуди, меморандуми, дописи, договори…
Обвинителката Лиле Стефанова еден по еден ги чита доказите со на Обвинителството со кои се обидуваат да ја докажат вината на обвинетите.
Никола Груевски, кому му се суди во отсуство, ексвицепремиерот Владимир Пешевски, поранешниот министер, Миле Јанакиески и ексдиректорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги пречекориле своите овластувања.
Според СЈО, со противправното дејствување на обвинетите кинеската компанија „Синохидро“ се стекнала со имотно-правна корист од 155.117.256 евра, а износот на штета е разлика меѓу износот на цената што државата ја плаќа на „Синохидро“ и цената што оваа компанија им ја плаќа на подизведувачите.
Васко Маглешов