Стечајците протестираа во Куманово

Од:

Кумановските стечајци утрово излегоа на протест и повторно го блокираат излезот на градот.

Тие го изразија својот револт, поради нерешениот статус, но најавија и радикални мерки.

-Нема ниту еден збор за стечајните работници. Ако не ни помогне јас гарантирам дека ниту еден стечаен работник нема да гласа за неговиот кандидат. Имаме куп извршители, судски пресуди, не можеме да се справиме со нив. Затоа го прашувам Груевски дали може да ги одлежиме комуналните такси и тужбите за струја. Ќе има ли место за стечајните работници во затвори – изјави претседателката на УНИТ, Лилјана Георгиевска.

На премиерот Никола Груевски му дадоа рок до 16-ти февруари да седне на преговарачка маса со нив, доколку тоа не се случи најавија дека ќе покажат граѓанска непослушност.

Би можело да ве интересира

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски