А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ставрески: Времето ќе покаже кој снимал

by А1он02/03/2015 - 19:2402/03/2015 - 20:00218
Share0

Времето ќе покаже кој го правел снимањето, и кому тоа му користело. Не знам кому му користело, ама знам на кого најмногу не му користи. Најмногу не му одговара на граѓаните на Република Македонија на кои се прави штета со ова, рече министерот за финасии Зоран Ставрески на прес конференцијата по објавените снимки од страна на СДСМ.

Добивај вести на вибер

-Заради карактерот и природата на снимките кои се стекнати и креирани и со кои се располага на незаконски начин, за нешто што ќе биде предмет на правна разрешница не би можел ништо да кажам. Можам и сакам да коментирам на поенти кои беа изнесени од Заев, за наводните тврдења за кредитот, јас можам да се сетам како се разрешија тие ситуации, рече Ставрески.

Имаше различни приоди како да се решат кредитите од кинеската банка, и се консултираа сите правни експерти и се прифати мислењето-најдобар начин да се реализира е да се донесе посебен закон изгласан во Собранието. Во однос на прашањето околу Битола, сакам да кажам проверив за таа постапка, беше праќана финансиска инспекција, рече Ставрески.

Според него, дел од стратегијата на Заев е да се урне позитивниот тренд на македонската економија.

-Тоа што се презентираат селективни снимки, сме имале со премиерот снимки на кои се согласуваме, а таква не се прикажуваат во јавноста. Според мене се издвојуваат одредени работи со што опозицијата веројатно сака да направи немир во општеството, рече Ставрески.

Тој кажа дека никакво грчко сценарио за крах на македонската економија нема да се случи. Граѓаните на крајот треба да се водат од реaлноста и од она што го гледаат, рече тој и изнесе четири аргументи дека македонската економија не е пред крах.

-Имавме втор најдобар резултат во Европа минатата година, слично и во 2013 година, странските инвестиции поради кои Македонија со реформите успеа да привлече преку 30 компании, и креирани се преку 13.000 работни места. Успеавме да ја намалиме невработеноста. Тоа се резултатите на оваа Влада за што сме имале заеднички мислења, рече тој.

Ние наоаѓавме пари за културата, здравството, спортот, се градат три автопати и бројни други проекти кои се важни за граѓаните на Република Македонија, пензиите се зголемуваат а ќе има и септември оваа година. Слично е и со зголемувањето на социјалната помош, рече Ставрески.

puc

Би можело да ве интересира

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов04/11/2019 - 14:1004/11/2019 - 14:15

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов04/11/2019 - 12:1204/11/2019 - 14:11

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов28/10/2019 - 10:4228/10/2019 - 10:42

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов24/10/2019 - 15:5224/10/2019 - 15:59

СЈО нема кривично да го гони Звонко Костовски во предметот „Пуч“

Наум Локоски14/09/2018 - 16:43

Врховен суд: Не може да одговара помагачот за прислушувањето, ако не биде осуден Зоран Верушевски

Ана Ололовска15/12/2017 - 15:1115/12/2017 - 15:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен