Ставрески: Опозицијата да не ја сведува дискусијата за буџетот на ситни политички игри

Од:

Буџетот е демократски механизам, треба да биде донесен во рамки на предвидените законски рокови и нема причина заеднички да испраќаме лош сигнал во светот, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во тек на денешната расправа за буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Демократијата, посочи, подразбира здрава и конструктивна дебата, а не одговарање на реплики во недоглед со цел да не се донесе буџетот и да има што повеќе бесполезна дебата. И порача на опозицијата да не ја сведува расправата за буџетот на ситни политички игри со дискусии меѓусебе од по два до три часа за еден амандман.

Во реплика на пратениците од СДСМ по одбивањето на нивниот амандман за формирање јавно сообраќајно претпријатие во Битола, министерот за финансии рече дека токму таквите амандмани покажуваат оти нивната цел е да не се донесе буџетот.

– И правите штета не само на Владата, туку и на државата со ваква расправа. Однесувајте се сериозно, затоа што ситуацијата е сериозна. Не постои држава која не го донела буџетот навреме во вакви кризни времиња. Европа се тресе од рецесијата и правиме се што можеме навреме да се исплаќаат сите граѓани, пензионери, социјалци, земјоделци, правиме напори редовно да се исплаќа и полицијата, да се реализираат проекти, да се купува опрема во болниците која исто така завршува во Битола, Охрид, Пехчево, Тетово… и на други места, рече Ставрески.

Според него, стотици илјади граѓани ќе бидат доведени во ситуација да трпат заради несериозноста и неодговорноста на опозицијата, а ќе трпи и стопанството затоа што повторно поради недонесувањето на буџетот ќе почнат да се акумулираат долгови.

– Ве молам однесувајте се одговорно како политичка партија. Дваесет години во Македонија има парламентарна демократија и не се случило ниту една опозициска партија да го опструра донесувањето на буџетот. Немојте да бидете прва опозиција во Македонија и во Европа што предизвикала да не се донесе буџетот. Уште еднаш апелирам на разум и разбирање, да ги надминете тесно партиските интереси и да не и создаваме дополнителни проблеми и ризици на Македонија во вакви тешки времиња и да го донесеме буџетот во рамки на предвидениот рок, апелира Ставрески.

Тој ги оквалификува како уцена барањата на опзицијата да се прифатат нивните амандмани за до петок да се изгласал буџетот. Истовремено укажа дека како политичка партија СДСМ ја преземаат одговорноста за во иднина ако има проблем во редовноста на исплата на сите буџетски плаќања. Повтори дека со блокадата на буџетот и на задолжувањата кај Светска банка на државата ќе и се предизвика штета од 84 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов