Ставрески: Очекувам буџетот да се донесе до крајот на годината

Од:

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески вели дека очекува оти буџетот за 2013 сепак ќе се донесе до крајот на годината.

Вицепремиерот на отворање на нова млекара во Свети Николе коментирајќи ги најновите случувања во Собранието истакна дека Владата веќе нема намера да ги прифаќа уцените од опозицијата.

– Покажавме висока конструктивност. Треба и другата страна да покаже конструктивност. Со ултиматум и уцени не се гради демократија. Опозицијата настојува да ги држи во заложништво и државата и граѓаните и да создаде општ хаос, рече Ставрески.

Тој посочи дека досега се дадени четири предлози од страна на Владата за да се постигне договор со опозицијата, но ниту еден од нив не е прифатен. Опозициската СДСМ, додаде, самата барала да не се трошат парите од кредитот од Светска банка до изборите, а кога им беше дадена таква понуда тие ја одбија. Потсети и дека Владата прифати 44 амандмани од опозицијата, што е рекорден број на амандмани во последните 20 години.

– Тие, за жал, ги одбиваат сите наши предлози и остануваат во ров и со ултиматум за да се прифати само она што тие го предлагаат или да не се донесе буџетот. Тоа не е добра позиција. Таа е штетна за државата, за граѓаните на Република Македонија, за пензионерите, за примателите на социјална помош, за земјоделците и стопанствениците, сите тие се во неизвесност и очекуваат СДСМ да покаже малку одговорност и да дозволи како и секоја европска опозиција да се донесе буџетот, додаде Ставрески.

На новинарско прашање за обвинувањата на СДСМ денеска во Собранието дека Владата се задолжила со нови 100 милиони евра преку државни записи, Ставрески рече дека се навикнати само на обвинувања и на тешки зборови од СДСМ и дека станува збор за елементарно неразбирање на функционирањето на буџетот.

– Секој прибран денар во буџетот се враќа во економијата и сите средства кои доаѓаат во буџетот се исплаќаат на фирмите за поврат на ДДВ на градежните компании за извршени работи, за субвенции за земјоделците, за изградба на болници и училишта итн. Така работат и владите на Франција, Германија, Италија, така работи и Владата на Република Македонија, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6