Ставрески бадијала дојде во Собрание, Шилегов одби да го сослушува на затворена седница

Од:

Претседателот на Анкетната комисија, Петре Шилегов, одби да ја одржи затворената седница на која требаше да биде сослушуван министерот за финансии, Зоран Ставрески, иако тој се појави во Собранието во закажаниот термин. Шилегов рече дека седниците на Комисија не треба да бидат затворени за јавноста и дека граѓаните имаат право да го слушнат сведочењето на владините функционери. Тој изјави дека нема повеќе да одржува седници затворени за јавноста.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, го обвини Шилегов дека ја саботира работата на Анкетната комисија. Според него ова е дел од стратегијата на СДСМ да ги одложуваат прашањата договорени во Пржино за да се избегне нивниот пораз, како што рече, на предвремените избори.

Сослушувањето на Ставрески, рече Шилегов, се одложува се додека министерот не се предомисли и не дозволи присуство на медиумите за време на неговото сведочење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арсовска до Премиерот: Гледај си ги твоите проекти, кој ќе ти ги одземе тебе ингеренциите?!

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Обвинетите тврдат дека не го запалиле „аудито“ на Шилегови, обвинителот е дециден дека ќе докаже

Ландов

Запален автомобилот на сопругата на Шилегов: Почнаа да пукаат гумите, одма пријавивме

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Шилегов: Дрисла повеќе не го труе Скопје, инвестиравме во здравјето на граѓаните

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шилегов: Планетариумот на МКЦ го опремуваме по најновите технолошки стандарди, Скопје мора да продолжи напред

Ана Ололовска

Шилегов: Со секојдневниот бесплатен превоз за пензионерите, ги враќаме и помладите патници заради намалените гужви

Ана Ололовска