Ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места ДУИ ќе го формира со коалициските партнери од Европски фронт

Од:

По три часа заврши состанокот на претседателството на Демократска унија за интеграција (ДУИ) во нивното седиште во тетовска Мала Речица, по што беше најавено дека ставот во врска со прегласувањето на седум избирачки места за параламентарните избори ќе биде изграден заедно со сите партии од Европскиот фронт. Портпаролот Арбр Адеми најави дека ќе имаат други состаноци со сите партнери во рамки на Европскиот фронт.

– Денеска ги разгледувавме сите политички случувања, особено внимание предизвика изборниот инженеринг. И пред да се поднесуваат приговорите ние ја известивме јавноста бидејќи имавме информации од прва рака во што се состои политичкиот „дил“. Ги известивме сите граѓани, нашите партнери, тоа се потврди со конкретни дела и во Државната изборна комисија, но и во Управниот суд. За натамошните чекори претседателот Ахмети ќе има координативни средби со сите политички партии кои го сочинуваат Европскиот фронт. Така што, нема што повеќе да додадеме освен тоа што претседателот Ахмети веќе го сподели со сите вас и пред почетокот на денешниот состанок, изјави Адеми.

Пред да почне состанокот претседателот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека ќе прават анализа на одлуките на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за да се повторат изборите на неколку изборни места.

– Ова е направено од двете најголеми партии од македонска националност кои за жал политики се плашиме дека ќе имаат влијание и на меѓуетничките односи кои ние не ги посакуваме. Така што, ние ќе правиме анализа, која исто така ова повторување што ќе се прави, се прави со една ризична позадина ние Албанците да се убиеме, како што се случи на едно изборно место во Општина Желино, тоа не го посакуваме, ниту пак ќе се случи. Ако сака некој има стратегија да пукаме ние Албанците меѓу себе, нема да се реализира, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ најави дека ќе се консултираат и експерти околу одлуките на ДИК за прегласување во неколкуте општини на 22 мај.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

Реџепи: Како ќе се поврзе Скопје со Блаце ако Качанички пат остане тесен и блокиран?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВРЕДИ во „Бардовци“

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“