ВИДЕО: Стартува младинскиот додаток, по 3.000 денари месечно за вработените во производството на возраст до 23 години

Од:

Стартува младинскиот додаток по 3.000 денари месечно за вработените во реалниот сектор на возраст до 23 години најавија денеска во Штип вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска, дополнителната заменичка – министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска и штипскиот градоначалник Благој Бочварски.

Тие денеска во кругот на порашениот моден гигант „Астибо“, каде што сега се сместени повеќе штипски конфекции се сретнаа со вработените од неколку фабрики и со ученици од средни стручни училишта во Штип.

Целта на средбата беше да се информираат младите лица на возраст до 23 години, како и нивните родители за надоместокот што им следува на помладите вработени во производствената дејност.

Царовска посочи дека Владата во тесна соработка и континурана дискусија со организациите на работодавачи, стопанските комори, синдикатите и невладините организации креираше низа на мерки со кои се влијае на зголемување на платите, развојот на компаниите и подобрување на условите за работа на работниците.

Преку младинскиот додаток, младите лица до 23 години кои веќе работат во индустријата или планираат да работат во производството ќе добијат по 3.000 денари на нивната плата на месечно ниво. Таа нема да се исплаќа преку работодавачот, туку на нивната индивидуална сметка, преку Агенцијата за вработување, изјави Царовска.

Забележа дека во минатото постоеше негативна слика кај младите лица за вработување во индустриски капацитети, поради прекршување на работничките права кај одредени работодавачи, што веќе не е случај, односно условите за работа континуирано се подобруваат, платите континуирано растат, се со цел да се задржат младите лица во нашата држава.

Гледате дека денес сме сите заедно: и организации на работодавачи и синдикати и невладини организации и институции, се со цел да покажеме дека преку партнерство и дијалог можеме заеднички да го подобриме целото општество и економијата: да растат платите, да растат и компаниите и да се почитуваат работниците.

Без работници, нема силна држава. Ве повикувам сите што сте тука, но пренесете и на други млади луѓе, од наредната недела да почнете да аплицирате во Агенцијата на вработување и на своите сметки ќе добиете секој месец по 3.000 денари.

Ова се однесува на сите млади до 23 години кои се вработени или планираат да се вработат во производството, рече Царовска.

Дополнителната заменичка – министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ истакна дека со младинскиот додаток се опфаќаат вработувања или самовработување со претежна производствена дејност или земјоделство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

Уште две недели за да се искористи празничната промотивна понуда на ЕДС за деловните корисници

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања