Старец се допирал по гениталиите и фотографирал девојче во автобус на ЈСП

Од:

Старец во автобус со број 24 на ЈСП, додека се движеле накај трговскиот Лептокарија во Карош 3, фотографирал 13 годишно девојче и се допирал по гениталиите. Девојчето се јавило на мајката која ја подучила и таа да го фотографира него и случајот го пријавила во полиција, но го објави и на социјалните мрежи со цел да ги предупреди родителите да ги подготват своите деца како да реагираат во такви случаи.

Деталите ги раскажа јавно, а ја објави и фотографијата од старецот.

„Таа ми јави вознемирено за да ми каже. И реков слободно и таа да го слика(алал да и е, одлично го сликнала) и да му каже да ги избрише сликите. Тој рекол дека ја слика затоа што била убава. Се фаќал за гениталии, се масирал… приметиле и другите во автобусот почнале да реагираат. Веднаш,тој се симнал на истата станица со неа. За 3 минути на истата станица стигнав и јас за да ја земам ќерка ми, тој беше сеуште тамо. Му застанав на пат, му реков да ги избрише сликите, неочекувано му дојде…ми рече дека ги избришал и ништо страшно, сликал и други деца (за божем да ми дојде утешно). Сфати дека вртам на полицијата за да го пријавам и избега кон Лептокарија. Ете го ликот , убаво е да го знаете …заради превентива“, вели мајката.

Од МВР за А1он го потврдија случајот. Информираат дека пријава од мајката има поднесено и се превземаат мерки.

„М.М.А.(42) од Скопје пријавила дека на 11.10.2023 околу 19.10 часот додека нејзината малолетна ќерка се возела во градски автобус бр. 24 од Градежен факултет кон ТЦ Лептокарија, едно лице ја фотографирало и се допирало по гениталиите. Веднаш е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, велат од МВР.

Само изминативе неколку седмици јавноста беше потресена од неколку случаи на силување и/или полови напади врз деца од страна на повозрасни мажи. Еден од случаите беше во скопска Кисела Вода кога 81-годишник полово вознемирувал 9-годишно девојче.

Би можело да ве интересира

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР