Старец настрада во пожар во Кичево

Од:

Осумдесет и тригодишниот Ф.Д. од Кичево бил пронајден мртов во неговиот дом, откако претходно соседите забележале дека се шири чад од неговата куќа.

Како што информира портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димовски, случајот бил пријавен во кичевската полиција вчера на 21 мај околу 17:50 часот.

„По наредба на јавен обвинител извршен е увид и во присуство на Службата за итна медицинска помош од Здравствен дом–Кичево, констатирано е дека кај него настапила смрт поради труење (интокситација) со јагленород моноксид и изгореници по телото“, информира Димовски.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови