Стано: Европската комисија поддржува секаква иницијатива за решавање на прашањето за името

Од:

Европската комисија ги поддржува сите мерки што ќе водат до заедничко прифатливо решение на спорот за името и затоа ги поддржува сите иницијативи превземени во оваа насока, вклучувајќи ја и последната на македонскиот премиер Никола Груевски.

Ова е ставот на портпаролот на Комисијата, Петер Стано, по вчерашното писмо на претседателот на Владата на Република Македонија испратено до премиерот на Грција, Андонис Самарас, во кое Груевски бара двајцата да состават тимови кои тие ќе ги предводат со цел да седнат на маса и да се обидат да го решат деценискиот спор, јавува дописникот на МИА од Брисел.

– Кога се работи за билатерални прашања, Европската комисија нема став, бидејќи ние не сакаме да се мешаме. Но, кога станува збор за прашањето за името, ние ги поддржуваме и поздравуваме сите иницијативи што би довеле до негово конечно решение, потенцира Стано.

Потегот на македонскиот премиер Груевски се оценува позитивно од страна на официјален Брисел, но се чека на грчкиот одговор за кој сите надежи се дека ќе биде позитивен со цел да се одмрзне статус-кво ситуацијата во однос на преговорите кои се водат под капата на Обединетите нации преку посредникот Метју Нимиц, а Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската унија и да стане членка на НАТО.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски