Станковиќ: Арсовска наместо да се конфронтира со советниците, да ги извршува задачите

Од:

Прва работа би сакал да го искоментирам оној дел дека администрацијата нема да работи по налог на советот и дека тоа не било нивна одговорност, ги повикувам да си го прочитаат член 60 од Законот за локална самоуправа каде што се наведени точно обврските на општинската администрација. Така што во тој член 60 ќе видите дека прво секаде каде е ваша обврска имате обврска да постапите и да вршите дејности по налогот и градоначалникот. Секаде е прво советот, па градоначалникот, рече денеска Малиша Станковиќ, советник во Советот на Град Скопје од СПМ, коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ на седницата на градот, и посочи дека не може некој од градската администрација да не учествува во одлуките на советничката група.

– Не може некој од службите да каже дека нема да учествувам во работа на одлука на советник или на одлука на советничка група, тоа е невиден преседан, додаде тој.

Станковиќ повика на одговорност доколку навистина се утврди дека до сега се издавале сали или дворови од училишта на кафани по мизерни цени, а се служело алкохол.

– Околу втората работа е дека досега биле издавани салите или дворовите на средните училишта на кафани, се служело алкохол, биле давани по мизерни цени, јас само би ве повикал а тоа е дека за сето тоа треба да следи соодветна одговорност на оној кој што тоа го направил. Така што година и пол веќе имаме нова раководна структура на градот на чело со градоначалничката и не знам зошто се уште се чека да се покренат соодветни пријави, ако такво нешто се случило. Еве го слушнавме и заменик градоначалникот зборуваше за тоа, имаме одредени ревизорски извештаи и што се чека, праша Станковиќ.

Станковиќ посочи дека наместо Арсовска да се конфронтира со советниците и да наоѓа жртви од кои ќе влезе во конфликт, треба да ги извршува задачите се со цел да профункционира системот.

– Последната работа која што ја кршите е со средните училишта, направивте проблем и таму односно спортските клубови кои што се обраќаат до советниците немаат каде да тренираат. Ние не викаме да дадете на некој, туку викаме дајте да профункционира системот. Вие правите состојба во која што не функционира системот, не ги извршувате задачите кои ви се примарно дадени во улогата градоначалник и тука е проблемот и затоа вие се конфронтирате со советот. Во меѓувреме вие целосно за вашето не функционирање гледате да го прикриете со една основна работа, а тоа е наоѓање одредени жртви со кои ќе влезете во конфликт, кажа Станковиќ.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Станковиќ до Арсовска: Ваша должност е да побарате од ДЗР да изврши ревизија за финансиското работење на ЈСП Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“

Град Скопје: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против одлуката за набавка на нови автобуси

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Андоновски: Ј.П. „Паркови и зеленило“ се турка во должничко ропство

Горан Наумовски

Шутаров: Срамна седница на Советот, хаосот со ЈСП е пример што следува откако ДПМНЕ ќе добие власт