Станков: Знаеме да работиме чесно, посветено, одлучно и одговорно

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Зрновци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Блаже Станков, денеска ја престави својата изборна програма како и кандидатите за идниот општински совет со носителот на листа Душко Ѓорѓиев.

– Понудената програма со конкретни проекти и рокови за нивно реализирање во секое населено место, заедно со понудениот состав на советничката група од нашата партија, се надевам дека е доволна гаранција да ја добиеме довербата. Не очекува голема работа, но ние знаеме да работиме, да работиме чесно, посветено, одлучно и одговорно, истакна Станков.

Во изборната програма според Станков се поместени проекти кои се однесуваат за подобрувањето на животот во трите населени места од општината како што се реконструкција на секундарната водоводна мрежа и изградба на резервоар за бода во Зрновци, изградба и асфалтирање на неколку локални патни правци во Зрновци, Мородвис и Видовиште, бетонирање на земјени вади за квалитетно наводнување на земјоделските површини, како и изградба на пат до археолошкиот локалитет „Манастириште“ во село Мородвис.

Во изборната програма се содржани и активности во делот на изградбата на велосипедска патека покрај Зрновска река, како и оплеменување на природните пештери по кањонот на Зрновска река.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски