Станков вети игралиште, фитнес зона и велосипедска патека во Зрновци

Од:

Блаже Станков, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Зрновци вети топол и здрав оброк за секое дете од прво до петто одделение, а како што напомена рече дека размислуваат проектот да го прошират и за децата од шесто до деветто одделение.

– Со цел да обезбедиме полесен и побрз пристап до земјоделските површини одлучивме да продолжиме со изградба асфалтирање на полски пат. Во таа насока подготвена е техничка документација за изградба на полски пат во должина од 1250 метри. Изградба на игралиште во село Зрновци со цел спортување и рекреирање на младите генерации. Изградба на фитнес зона, во близина на еко паркот и ќе биде опремена со најмодерни справи за вежбање 24 час во текот на денот. Изградба на велосипедска патека по течение на реката Зрновка, изградба 2 моста за моторни возила на Видовишка река и изградба на еден мост за моторни возила на реката Зрновка, рече Станков.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази