Стабилна ситуацијата на македонско-грчката граница

Од:

Ситуацијата на македонско-грчката граница утрово е стабилна и мирна, по вчерашниот насилен обид за влегување на македонска територија од страна на бегалците кои се наоѓаат во кампот во Идомени.

Според раководителот на ПТЦ Гевгелија Зоран Лазаровски, ситуацијата во и околу кампот е мирна, како што е и на граничниот камен 59 и дека во Гевгелија е видливо зголеменото присуство на нашите безбедносни сили, кои се подготвени да интервенираат во секој момент во заштита на границата.

Директорот на болницата Сретко Јованов утрово за МИА изјави дека само еден, од 15 – те повредени припадници на безбедносните сили поради сериозноста на повредите во пределот на гениталиите е префрлен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, а останатите 14 по санирање на повредите се вратени во своите единици.

Би можело да ве интересира

Германија воведува контроли на своите граници

Горан Наумовски

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција