А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ССНМ, ЗНМ и СЕММ со десет прашања до политичките партии кои ќе учествуваат на изборите

by А1он24/06/2020 - 13:05364
Share0

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) во пресрет на изборната кампања ќе упатат десет прашања до политичките партии и коалиции кои ќе настапат на предвремените парламентарни избори.

Добивај вести на вибер

– Со години забележуваме примери на непринципиелен однос на политичарите кон медиумите и новинарите, што нè исправило пред дилемата: дали најголем дел од политичарите знаат каква е улогата на новинарите и медиумските работници и кое е нивното значење за демократијата?, велат од трите здруженија.

Во следните десет дена јавно ќе поставуваат по едно прашање. Дел од прашањата ќе се однесуваат на ставовите на политичарите за реформите во медиумскиот сектор, гледиштата кон новинарството и идеите што ги имаат околу создавањето на услови за развој и слободно дејствување на професионалните новинари и медиумски работници, односно за точно, навремено и објективно известување.

– Очекуваме политичките чинители во изборите кои се сериозни да дадат искрени одговори кои понатаму ќе можат и да ги спроведат, а со цел подобрување на слободата на изразување и независноста на медиумите во нашата земја. Во наредните девет дена секојдневно и јавно ќе поставуваме по едно прашање со цел подигање на свеста за тоа што значи новинарството во едно демократско општество. Новинарството е јавно добро и заслужува да добие таков третман, бидејќи нема демократска држава без професионално новинарство и добро информирани граѓани, истакнуваат од здруженијата.

Прашање кое го упатуваат до политичарите е да кажат што за нив претставува новинарството, како планираат да го поддржат професионалното новинарство на долг рок, што ќе направат за подобрување на независноста на финансирањето на МРТВ, за подобрување на безбедноста на новинарите, за поттикнување на колективното преговарање во медиумите….

semmssnmznm

Би можело да ве интересира

Синдикатот на новинари бара зголемување на минималната плата и се приклучува на протестот на работниците

Катерина Ѓуровски27/01/2026 - 12:34

СДСМ поднесе четврта претставка до ЗНМ за повеќе прекршувања на новинарскиот Кодекс од страна Героски

Предраг Петровиќ03/01/2026 - 11:18

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

Горан Наумовски11/12/2025 - 09:5511/12/2025 - 09:56

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

Горан Наумовски19/10/2025 - 15:3819/10/2025 - 16:03

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ12/08/2025 - 18:1912/08/2025 - 18:20

ССНМ бара зголемување на минималната плата како начин за зачувување на слободата на медиумите и дигнитетот на новинарите

Катерина Ѓуровски07/08/2025 - 11:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен