ССНМ со поддршка на иницијативата „Аман доста е“ и протестите

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ја поддржува граѓанската иницијатива „Аман доста е”.

„Поскапувањата нè засегаат сите независно од професионалната, националната, партиска или каква било друга припадност и затоа ССНМ целосно се придружува на барањата да се врати евтина дневна тарифа на електричната енергија и таа да биде на ниво од 2008 година, да се укине ставката ангажирана моќност од 33 проценти, да се повлече новиот правилник на Топлификација, да се врати цената на парното на ниво од 2008 година и да се намалат цените на горивата во согласност со стандардот на луѓето во Македонија”, стои во ставот на новинарскиот синдикат.

ССНМ апелира и членовите на синдикатот , но и сите граѓани да излезат во што поголем број на протестите закажани за вторник 28 август, во сите градови каде се одржуваат, и на сите следни протести се до исполнувањето на барањата

„Се што треба да направиме е да покажеме дека не се согласуваме со секојдневните поскапувања. Ако сме заедно и ако сме бројни – ќе успееме“, велат од ССНМ.

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија