ССНМ: Паднаа маските од медиумските закони

Од:

Со усвојувањето на амандманот на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ за проширување на ингеренциите на Агенцијата за медиуми, за набљудување на работата и на печатените и интернет медиумите, конечно е разоткриена вистинската намера на инсистирањето за носењето на медиумските закони, констатира Сојузот на синдикатите на новинарите на Македонија.

„Тоа не се барање од Европската унија, како што впрочем и соопшти делегацијата на ЕК во Македонија, ниту се обид да се адресираат клучните прашања во медиумската сфера – рекламирањето како алатка за корупција и гушењето на слободата на изразувањето во редакциите. Овие прашања воопшто ги нема во предложената легислатива! Овој закон е проект за ставање под контрола и на печатените и на интернет-медиумите, како и дисциплинирање на електронските медиуми со казни, за да не мораат да се поткупуваат со реклами“, образложи ССНМ во вчерашното соопштение.

Според синдикатот, конечно се покажало дека јавните дебати и расправи, експертизите од ОБСЕ и Советот на Европа, биле со цел да се одглуми транспарентност и инклузивност на еден “малициозен процес за ставање под контрола или озаконување на веќе постојната контрола врз јавниот збор и јавното мислење“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски