А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ССНМ остро го осудува нападот врз екипата на ТВ 21

by А1он17/04/2019 - 20:5817/04/2019 - 21:01327
Share0

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници остро го осудува нападот врз екипата на ТВ21 кој вчера се случил во селото Арачиново пред и во зградата на општината.

Добивај вести на вибер

Според објавениот прилог на ТВ 21 за нападот, ТВ екипата била нападната од четворица мажи кои барале да бидат избришани снимките од граѓаните кои се жалеле на лошата инфраструктура во селото.

Потоа, насилниците дрско и безобразно продолжуваат со вербалните закани, а потоа и со сила успеале да ги натераат новинарот и снимателот да влезат во темна просторија од општината, каде повторно им било барано да ги избришат снимките.

Според ТВ 21 посочените лица се обидувале да „им наредат и да ги научат“ како да известуваат и за што смеат, а за што не смеат да објавуваат. Инцидентот продолжил во просториите на ТВ 21 каде што повторно од уредникот било барано да не се објави никаков негативен материјал за општината и за градоначалничката Миликије Халими која е од редовите на СДСМ, но се завршило откако во телевизијата се појавиле полициски службеници, а насилниците си заминале, се наведува во реакцијата на ССНМ.

Нападнатите новинари дале исказ во полициска станица, но во денешниот билтен на Министерството за внатрешни работи овој инцидент само штуро е споменат без да се наведе дека била нападната телевизиска екипа.

ССНМ бара од Министерството за внатрешни работи детално да го истражи овој случај и да ги преземе сите неопходни мерки за да се казнат напаѓачите, но и обесхрабрат сите кои во иднина ќе помислат да ги спречуваат новинарите во нивната работа, односно ќе ја загрозуваат слободата на изразување и известување, а во овој случај и слободата на движење.

Исто така, ССНМ бара од градоначалничката Халими да го осуди нападот врз новинарите и да се огради од насилниците.

Синдикатот на новинари и медиумски работници овој напад врз екипата на ТВ21 кој е и напад врз слободата на известување и слободата на медиумите го пријави до сите меѓународни организации кои се бават со одбрана на слободата на говор и изразување.

napadssnmtv21

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Повторно летаат ракети, гори американскиот конзулат во Дубаи

Предраг Петровиќ03/03/2026 - 21:54

ВИДЕО: Се урна покривот на американската амбасада во Ријад

Предраг Петровиќ03/03/2026 - 18:0103/03/2026 - 17:30

Поради расправија во сообраќајот, со нож е избоден маж од скопското село Арнакија

Горан Наумовски02/03/2026 - 13:14

ВИДЕО: Погоден аеродромот во Дубаи, евакуација во тек, експлозии во Доха и Тел Авив

Предраг Петровиќ28/02/2026 - 22:47

Иранците тврдат: Ајатолахот Хамнеи е жив

Предраг Петровиќ28/02/2026 - 22:15

Израел: Ајатолахот е мртов

Предраг Петровиќ28/02/2026 - 21:0928/02/2026 - 21:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен