ССНМ го поддржува штрајкот на лекарите

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници го поддржува штрајкот на лекарите, како легитимен начин за остварување на нивните цели за зачувување на достоинството на лекарската професија. Поддршката на ССНМ е предизвикана од солидарни, но истовремено и од принципиелни причини бидејќи другата страна се обидува на секој начин да го опструира штрајкот како метод на синдикална борба што претставува ограничување на правото за независно организирање, а со самото тоа и опасност за сите сегашни и идни синдикални организации.

ССНМ безрезервно ги поддржува сите барања на лекарите и апелира до надлежните реално и фактички (а не формално) да ги согледа последиците од своите одлуки и, заедно со стручната јавност, да изнајде решенија што нема да им наштетат на вработените во јавното здравство, а со самото тоа ќе придонесат за зголемување на неговиот квалитет.

Би можело да ве интересира

Лекари од странство ќе ни помагаат преку телемедицина

Специјалистите ќе може да продолжат со работа до 70-годишна возраст

Тројца доктори вратиле 25 илјади евра во буџетот, им биле натплатени

Пензионирани лекари и сестри ќе можат да работат до 70-годишна возраст

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува

ССНМ и „Еднаква“: Новинарките сепак известуваат, не можете да ги замолчите

Горан Наумовски