Средствата за новогодишно украсување во Куманово, пренаменети за набавка на опрема за ученици за следење онлајн настава

Од:

Новогодишно украсување во Куманово оваа година, нема да има потврди денеска директорот на ЈП „Куманово Паркинг“ Фадиљ Шабани. Претходно и градоначалникот, Максим Димитриевски на една од прес конференциите и на седница на советот при носење на ребалансот на буџетот, рече дека овие средства ќе се пренаменат со општинскиот буџет за набавка на опрема за следење на онлајн настава и за набавка на опрема за изведување на онлајн настава.

– За оваа година планиравме да одвоиме два милиони денари, меѓутоа во договор со градоначалникот и согласно потребите на дел од учениците кои се од ранливи категории семејства, средствата преку ребаланс на буџетот се пренаменија за оваа цел, изјави Шабани, директор на јавното претпријатие „Куманово Паркинг“ преку кое изминативе години се спроведуваше набавката за избор на компании за новогодишно украсување.

Општина Куманово, појаснија денеска надлежните од секторот за финансии од општината одвојува вкупно 3, 5 милиони денари за набавка на опрема на учениците за следење на онлајн настава, набавка на паметни табли, потребни за училиштата за изведување на наставата во услови на пандемија.

Средствата се обезбедени преку пренамена од различни ставки, меѓу нив од настани предвидени за манифестации, како што се огномет, концерти, но и средства кои претходно општината ги одвојуваше за „Порака Наша“, здружение кое не работеше од март, па сè до ноември, годинава. Дел од средствата се пренаменети и од ставка за вработувања, кои не се реализирале поради ковид кризата.

Би можело да ве интересира

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

Повеќекратно убиство во кумановско: Два сина и мајка застрелани од нејзиниот брат

Орце Костов