Средношколците во четврток низ улиците на Охрид, ги повикуваат и граѓаните да им се придружат

Од:

Заради актуелизирање на бојкотот на наставата во дел од средните училишта во градот Охрид, повикување на дијалог на надлежните служби во Министерството за образование и наука и анимирање на  пошироката  охридската јавност, во четврток планираат да одржат мирен протестен марш низ охридските улици .

Според планот, протестниот марш ќе започне во 12 часот пред кругот на ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, продолжувајќи по улиците   Димитар Влахов, покрај Општина Охрид, ул. „Македонски Просветители“, семафорите кај „Охридска Банка“, бул. „Туристичка“ (покрај Охридска Банка ),  пресекот со ул.„Абас Емин“, охридскиот пазар, ул. „Македонски Просветители“, со завршеток пред бистата на Св. Климент Охридски, на градскиот плоштад, каде е планирано одредено задржување,  во знак на почит кон патронот на Охрид и идеен учител. Се очекува  целата оваа манифестација да заврши околу 14 часот.

Во оваа прилика ги покануваме сите ученици, наставници, родители  и граѓани, директно или индиректно засегнати од бојкотот на наставата на средношколците заедно  да го искажеме својот револт од игнорантскиот однос на надлежните структури, кои што не чувствуваат никаква морална, општествена, човечка и професионална потреба за дијалог и за решавање на    актуелните проблеми во сферата на образованието, една толку чувствителна област која што не  засега сега или во иднина, сите нас – велат средношколците.

Средношколците напоменуваат дека протестниот марш е уредно закажан и во СВР- Охрид, заради нивно присуство  за непречено одвивање на протестот ,  а воедно на сите останати граѓани на град Охрид и останатите гости  им се извинуваат за евентуалните непријатности при нивното движење во овој период.

Ф.Ј.

 

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид