Средношколците ги повикаа студентите на заеднички протест

Од:

Со оглед на лошиот стандарт на средношколците и на студентите, проблемите со матурата, доцнењето на парите за студентски оброк, средношколското здружение ОДАС ги повика студентите на заеднички протест в петок пред Министерството за образование.

– Имајќи ги предвид актуелните прашања околу средношколскиот и студентскиот стандард (државна матура, субвенциониран студентски оброк и слично), ги покануваме студентите да се придружат на протестот во петок од 12.30 часот пред МОН за заедно да издејствуваме подобрување во образовниот систем. Овие неколку години, како учесници во образовниот систем, се соочивме со голем број предизвици за кои вреди да се дискутира и да се лобира кај надлежните се наведува во повикот што средношколците го испратија до студентите.

Средношколците бараат намалување на материјалот или кратење на предметите за државната матура. Вчера Студентски отпор најави радикализација и блокади на Скопје.

– МОН преку континуираната негрижа за студентите и почитување на законските рокови ги принудува студентите повторно со протести и радикализација да си ги бараат своите права. Веќе влегуваме во третиот месец од новата година, а МОН нема исполнети ниту едно ветување велат од движењето Студентски отпор, објавија од Студентски отпр.

Би можело да ве интересира

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти