Средношколци на состанок со Комисијата за заразни болести за спроведувањето на наставата

Од:

Претставници од Сојузот на средношколци изутрината присуствуваа на состанокот на Комисијата за заразни болести и им беа презентирани извештаите со деталната состојба со Ковид-19 во државава, соопшти Министерството за здравство.

На состанокот, како што се посочува, претставниците на Сојузот на средношколците ги претставија барањата на учениците, од кои најголем дел се веќе во планот на Комисијата за заразни болести за почеток на учебната година.

Тоа што беше пред сѐ предмет на дискусија е периодот на имплементација на одредени протоколи, за кои Комисијата инсистира да бидат имплементирани етапно, согласно епидемиолошката состојба во земјата, информираат од Министерството.

Министерот за здравство Венко Филипче пред средношколците го објаснуваше процесот на воведување и попуштање на рестриктивните мерки согласно епидемиолошката состојба. Тој информираше дека сите мерки за превенција донесени врз основа на стручните анализи и препораки на Комисијата во интерес на заштитата на здравјето на децата и родителите.

На состанокот двете страни се заложија да продолжат со интензивна комуникација, со цел добра организација и имплементација на мерките за спроведувањето на наставата во претстојната учебна година. Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести се заинтересирани за соработка со сите чинителии, заедничката комуникација продолжува и понатаму, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП