Средби на Попоски на маргините на Генералното собрание на ОН

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој учествува на 69. заседание на Генералното собрание на ОН, денеска се сретна со неговиот колега од Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн.

Министерот Аселборн, чија земја ќе претседава со Советот на Европската унија во втората половина на идната година, најави дека земјите од Западен Балкан ќе бидат на агендата.

– Како мала земја, Луксембург има разбирање и интерес да помогне на сите земји од Западен Балкан да напредуваат во нивното приближување кон ЕУ, изјави министерот Попоски, додавајќи дека „пречката останува иста: потребата од консензус во носењето одлуки во ЕУ.”

Шефот на македонската дипломатија, како што информира неговиот кабинет, се сретна и со министерот за надворешни работи на Сенегал, Манкур Ндиаје со кого ја потенцираа соработката и во Франкофонијата, а најавија и продлабочување на економската и образовната соработка.

Попоски оствари средба и со министерот за надворешни работи на Парагвај, Еладио Лоизага, кој го поздрави отворањето на македонско дипломатско претставништво во Бразилија. Беше остварена и средба со претставници на Американско-Еврејскиот комитет на која е потврдена одличната соработка.

Министерот Попоски учествуваше и на неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан и Европската Унија, на кој присуствуваше и комесарот за проширување Штефан Филе, како и високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини.

Попоски се обрати и на Климатскиот самит на кој, меѓу другото, ја посочи новата апликација „Патувај Зелено“, претставена минатата недела од Градот Скопје и изработена во партнерство со УНДП.

Би можело да ве интересира

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот