Средби на Димитров со Хан, Дендиас и Бартоло, во фокусот на разговорите нашата европска иднина

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција оствари билатерални средби со еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан, со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и со министерот за надворешни работи на Малта Еварист Бартоло.

“Еден мал рекапитулар од досегашното учество на Минхенската безбедносна конференција – прво панел за ЕУ перспективите и улогата на ЕУ на Балканот, една инспиративна сесија.

Моите главни пораки: дека ние сме како една соба во европската куќа која што не вклучена во системот на греење, струја, правилата на куќата и дека ова мора да го решиме заедно.

На политиката на проширување и треба еден нов мотор од оние како што ги прави BMW, компанијата чија што фондација го организираше панелот”, изјавил Димитров.

Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорот со еврокомесарот Хан беше буџетот на ЕУ и преговорите околу повеќегодишната финансиска рамка, со акцент на зголемување на европските фондови за земјите од регионот на Западен Балкан.

На средбата со грчкиот министер Дендиас, како што се наведува, се разговараше за поддршката која Грција ја дава во постигнување на нашата цел, што поскоро отпочнување на пристапните преговори со ЕУ, како и за запазување на континуитетот во имплементирањето на обврските од Преспанскиот договор од двете страни.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски