Средбата на министерката за труд и социјална политика и претставници на Ромите

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска оствари работна средба со претставниците на „Интеграција на Ромите 2020“ Орхан Усеин и Данило Вукмировиќ, на која се разговарало за досегашните и идни политики за поголема вклученост на Ромите во општеството.

На средбата било дискутирано за проектот Интеграција на Ромите 2020, имплементиран од Советот за регионална соработка – Regional Cooperation Council (RCC), со финансиска поддршка од Европската Унија и Фондацијата Отворено општество.

-Овој проект има за цел да придонесе намалување на социо-економскиот јаз помеѓу ромската и неромската популација во земјите од Западен Балкан и Турција и зајакнување на институционалните обврски на владите во инкорпорирање и исполнување на специфични цели наменети за интеграција на Ромите во развојните тековни политики, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Земји кориснички на Проектот Интеграција на Ромите 2020 се Албанија, Босна и Херцеговина, Република Северна Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Турција.

Една од главните точки на работниот состанок била Декларацијата од Познан, потпишана во јули минатата година од страна на премиерите на државите во кои се имплементира Интеграцијата на Ромите 2020, а усвоена во рамките на Берлинскиот процес.

Од страна на Орхан Усеин било посочено дека на 27 октомври во Тирана ќе се одржи министерски состанок и заклучоците од тој состанок ќе бидат рефлектирани на Самитот во Софија (во ноември) со кој ќе претседаваат Република Бугарија и Република Северна Македонија. На маргините на Самитот ќе се дискутираат 4 теми: лица без документи и без државјанство; мониторинг за имплементирање на таргетите и мониторинг на следење на прогресот; за процесот на јавно буџетирање (родово одговорно буџетирање) и за методологијата за мапирањето на домовите на припадниците на ромската заедница.

Во текот на работниот состанок во МТЦП биле презентирани и два нови проекти кои ќе се имплементираат во Република Северна Македонија и ќе бидат финансирани од Интеграција на Ромите 2020 и тоа: подготовка на нова Стратегија за Ромите 2021-2030 и трансформација на сивата економија во која се вклучени Ромите во регуларна пазарна економија

-Заклучоците од средбата се дека соработката продолжува и во наредниот период со цел поголема интеграција на Ромите во развојните тековни политики на Владата на Република Северна Македонија, велат од МТСП.

Би можело да ве интересира

Владата на Бугарија го одобри нацрт-договорот со Северна Македонија за изградба на заедничкиот железнички тунел „Деве Баир“

А1он

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор