Средба Зоран Заев – Масимо Белели

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари средба со амбасадорот на Р.Италија во Р.Македонија, Масимо Белели.

На средбата се разговараше за актуелната политичка криза и за начините и можностите за враќање на земјата во нормален колосек.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев рече дека опозицијата има обврска да им гарантира на граѓаните дека Македонија ќе биде држава којашто ќе ги врати европските перспективи, довербата во институциите и правната држава.

zaev-beleli (2)

-Доказите што ги обелоденивме покажаа урнисување на уставниот и правниот поредок на Македонија и кршење на основните човекови права, во што учествувал највисокиот врв на власта на чело со Никола Груевски, затоа оваа Влада повеќе нема легитимитет, изјави претседателот Заев.

Граѓаните, како што посочи претседателот на СДСМ `се покажуваат вистински заштитник на мирот и стабилноста во државата, што дополнително ја зголемува обврската на опозицијата да се избори, заедно со народот, за враќање на узурпираните и одземените демократски вредности.

Амбасадорот Белели рече дека верува во позитивно решение од дијалогот на преговорите во Брисел.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“