Средба ЗНМ и Лекарска комора: Да се унапреди комуникацијата меѓу новинарите и лекарите

Од:

Здружението на новинарите на Македонија и Лекарската комора на Република Северна Македонија вчера во просториите на ЗНМ одржаа работна средба на барање на Комората. На оваа средба двете страни во иднина се заложија да потпишат меморандум за соработка врз основа на кој ќе се дефинираат конкретени активности за подобрување на соработката помеѓу двете фели.

Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ и Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ се сретнаа со Проф. д-р Калина Гривчева – Старделова, претседател на Лекарска комора и Д-р Илбер Бесими, заменик претседател на комората, а целта на состанокот беше да се разменат идеи во однос на унапредување на комуникацијата помеѓу новинарите и лекарите, соопшти ЗНМ.

Констатирано беше дека и новинарите и лекарите беа еднакво изложени пред јавноста, посебно во периодот на пандемијата на КОВИД-19, што ја засили потребата од поголема соработка помеѓу двете страни.

Во иднина, додава ЗНМ, ќе има иницијатива за средба во поширок состав помеѓу новинарите и уредниците кои што известуваат за здравствениот сектор и претставници на Лекарската комора. На состанокот беа истакнати и критичните точки од двете страни, а тоа се навремена информација и достапност на изворот за новинарите и вистинита и квалититена објава за лекарите.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

Лекарската комора чека решение од Таравари со точно прецизирана одговорност, потоа ќе постапува за лекарска грешка

Катерина Ѓуровски