Средба Заев – Ветингрон: САД континуирано ја дава поддршката на Македонија во градењето на силни демократски капацитети

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев оствари со членот на Бордот на директори на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), Олин Ветингтон.

На средбата се разговараше за повеќе клучни теми на домашен и меѓународен план, процесот на интеграции во ЕУ и НАТО, транспарентноста на институциите и реформскиот процес.

Заев му се заблагодари на поддршката што ИРИ, но и САД континуирано ја даваат на Република Северна Македонија во градењето на силни демократски капацитети.

„Од независноста па до сега, САД како стратешки партнер низ различни инструменти и начини дава силна поддршка во демократизацијата и развојот на македонското општество. Со својот ангажман ИРИ позитивно влијае на подигнувањето и зајакнувањето на демократските капацитети во Северна Македонија. Во изминатите две и пол години, нашето општество, нашите институции се менуваат на подобро. За тоа имаме и меѓународно признание во Извештајот на Европската комисија која нотира напредок во реформите во судството, безбедносниот систем и јавната администрација“, порача претседателот Заев.

Осврнувајќи се на меѓународните односи, Заев потенцираше дека државата сега е цврсто поставена на интеграцискиот пат, повеќе нема отворени прашања со ниту еден од соседите, членството во НАТО е извесно, а очекуван е и брз почеток на преговорите со ЕУ.

Во однос на предвремените избори, Заев порача дека на нив граѓаните ќе потврдат дека се за напредокот и интеграциите да продолжат уште позасилено и ќе застанат зад концептот на соработка, развој и интеграција што го нуди СДСМ.

Членот на Бордот на директори на ИРИ, Ветингтон на претседателот Заев му честиташе за досега постигнатите успеси, додавајќи дека ИРИ останува посветен пријател, поддржувач и партнер на Македонија особено во делот на доброто владеење, унапредување на транспарентноста и развој на институциите.

Би можело да ве интересира

Извештај на ИРИ, СДСМ е најтранспарентна партија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска