Средба Заев – Рот: Круцијални за изборите се чист список и регулирани медиуми

Од:

За излез од политичката криза и за иднината на Македонија се неопходни фер и регуларни избори, за што круцијална улога има исполнувањето на двата услова од пржинскиот Договор, прочистен Изборачки список и регулација на медиумите. Ова е заедничкиот став по средбата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со германската делегација предводена од Михаел Рот, државниот министер во МНР на Германија.

-Државната изборна комисија како независна институција чијашто обврска е Избирачкиот список треба да ги соопшти роковите за прочистување на списокот во којшто мора да имаат доверба сите политички субјекти во државата и граѓаните. Од голема важност за предизборниот и изборниот процес е да се обезбеди и објективно известување, бидејки најголем дел од медиумите се под контрола на власта, поради што опозицијата нема фер шанса за медиумско претставување. СДСМ нема да отстапи од ставот за фер и регуларни избори со примена на европските вредности, а реализацијата на овие две обврски е меѓу нив, рече претседателот Заев.

Zaev Rot2 (3)

Претседателот Заев и заменик претсеадателката на СДСМ Шекеринска нагласиле дека овој став на СДСМ го споделуваат и други политички субјекти во Македонија и целата демократска јавност кои се согласни дека фер избори на 24 април не се можни.

-Македонија на следните избори мора да добие Влада со полн легитимитет, а тоа е можно само на фер избори. Само така ќе се овозможи нормализација на институциите и стабилност на Република Македонија, потенцираше претседателот Заев на средбата со државниот министер во МНР на Германија, Михаел Рот.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус