Средба Заев – Палмер: Со претседателските избори државата покажа дека е зрела демократија

Од:

Успешно спроведените претседателски избори ја носат државата во вистинскиот правец и ги олеснуваат заложбите за добивање на датум за преговори со Европската Унија, му соопштил заменикот асистент секретар за Европа и Евро Азија во Стејт Департментот на САД, Метју Палмер на премиерот Зоран Заев на нивната средба што се одржа во пресрет на отворањето на Генералното Собрание на ЕБОР во Сараево, БиХ.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, била потенцирана одличната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, при што премиерот Заев изразил голема благодарност за континуираната поддршка на САД за членство на нашата земја во НАТО и ЕУ.

-Демократските, фер и кристално чисти избори потврдија дека нашата земја станува зрела демократија, а граѓаните дадоа масовна поддршка на концептот едно општество за сите. Покажавме како земја дека имаме капацитет да ги решаваме тешките прашања, а сега сме фокусирани на иднината и економскиот прогрес на земјата. Со 12 ратификации на протоколот за нашето членство во НАТО веќе се чувствуваат позитивни ефекти и охрабрување за нови инвестиции. За нас е многу важно Европската унија да ни даде датум за преговори во јуни за да го оствариме европскиот сон на многу генерации наши граѓани, нагласил премиерот Заев.

Палмер ја потенцирал важноста нашата земја да добие датум за преговори со ЕУ и во таа насока посочил дека е оптимист посебно заради фактот што Северна Македонија покажа дека е пример во регионот со потпишувањето и реализацијата на Преспанскиот договор и со реформските процеси.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска