Средба Заев-Митровиќ: Македонија е поставена на евро-атлансткиот пат, очекувањата се дека ќе биде 30. членка на НАТО

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Република Црна Гора во Република Македонија, Предраг Митровиќ.

Самитот во Подгорица го потврди традиционалното пријателство помеѓу двете држави и отвори перспективи за надоградување на билатералната соработка и заедничко дејствување на регионален план, е заедничката оценка на премиерот Заев и црногорскиот амбасадор Митровиќ.

На средбата, премиерот Заев соопшти дека Владата на Република Македонија ја постави државата на евро-атланскиот пат и дека сега ги прави сите потребни чекори за реализација на овие две стратешки цели за државата.

„Членството на Црна Гора во НАТО и напредокот на државата кон ЕУ е импулс што мотивира. Очекувам Република Македонија да биде следната 30.членка на НАТО. Се надевам дека во брзо време ќе ја добиеме поканата за НАТО. Исто така Владата води реформски процес што очекувам да ги забрза и европските интеграции и Република Македонија конечно да добие датум за ЕУ“ рече премиерот Заев.

На состанокот е констатирано дека промените во Република Македонија отворија можности за напредок на Македонија на меѓународен план, продлабочување на соработката со Црна Гора и со другите држави на регионален план, како и за економски развој што ќе го олесни животот на граѓаните во државава и ќе придонесе кон квалитетен животен стандард.

Премиерот Заев и црногорскиот амбасадор Митровиќ на средбата разговараа за унапредување на соработката помеѓу Република Македонија и Република Црна Гора на полето на економијата, туризмот, земјоделството, за можноста за отворање авиолинија, за поедноставување на административните бариери.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Убиен е еден од водачите на „Шкаљарскиот клан“

Во Црна Гора уапсени поранешен обвинител, полицајци, агент и бизнисмен

А1он