А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Средба Заев-Марковиќ: Се надеваме дека Република Македонија ќе биде следната членка на НАТО

by А1он02/08/2017 - 15:09136
Share0

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, заменик претседателот задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лика, министерот за надворешни работи Никола Димитров и пратеникот Стево Пендаровски е во Подгорица за Самитот на земјите на Јадранската повелба.

Добивај вести на вибер

Премиерот Заев е претседавач на Самитот и ко-домакин заедно со неговиот колега, претседателот на Владата на Република Црна Гора, Душко Марковиќ, на којшто ќе присуствува и потпретседателот на САД, Мајк Пенс.

„Успехот на новата Влада на Република Македонија за напредок на Македонија е мотивација за регионот. Капацитетите на Владата да ги сработи потребните реформи се видливи. Се надеваме дека и Република Македонија ќе стане членка на НАТО“, рече црногорскиот премиер Марковиќ на билатералната сердба со премиерот Заев, што се одржа пред почетокот на Самитот.

Премиерот на Република Црна Гора сподели значајно искуство, дека има голема промена во интересот на странските инвеститори за вложувања во Црна Гора откако државата стана членка на НАТО.

Премиерот Заев соопшти дека Република Македонија доби Влада посветена на реформите и на евро-атланските интеграции на државата, што треба да придонесат за квалитетен живот на сите граѓани на Македонија.

„Имаме стабилна Влада, којашто ги обединува сите граѓани и етнички заедници во државата. Енергично работиме на потребните промени, вклучувајки ги сите во општеството. Ги развиваме искрено и динамично добрососедските односи. Со ова, веруваме дека ги отвораме европските перспективи и се надеваме дека ќе бидеме следната членка на НАТО“, соопшти премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Македонија, Заев, оцени дека со вчерапотпишаниот Договор меѓу Република Македонија и Република Бугарија за добрососедство, со интензивните контакти на регионално ниво, како денешната со црногорскиот премиер Марковиќ и изразените регионалните иницијативи за соработка, регионот испраќа позитивни пораки на зрелост што ќе бидат забележани и вреднувани во европските и НАТО интерации на државите.

На билатералната средба, премиерите Заев и Марковиќ констатираа дека Република Македонија и Република Црна Гора се пријателски земји, коишто немаат отворени прашања и поради тоа имаат одлична основа за вистинско унапредување на односите. Се разговараше посебно за развој на економската соработка и поврзување на бизнисмените од двете држави.

Билатералната средба на премиерот Заев со премиерот на Грна Гора Марковиќ е вовед во денешниот работен ден во Подгорица на делегацијата од Република Македонија, што продолжува со отворенаВоведна сесија на Самитот на земјите од Јадранската повелба. На неа пред медиумите ќе се обратат премиерите Заев и Марковиќ и американскиот потпретседател Пенс. Предвидена е и работна сесија на којашто свои излагања ќе имаат сите присутни, премиерот Заев, како претседавач и ко-домакин на Самитот, премиерите на земјите членки на Јадранската повелба, на Албанија, Еди Рама, на Хрватска, Андреј Пленковиќ, на Црна Гора, Душко Марковиќ, на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, како и на земјите набљудувачи, на Србија, Ана Брнабиќ, на Словенија Миро Церар, на Косово, Хашим Тачи.

За Самитот во Црна Гора, во Подгорица се дојдени голем број новинарски екипи од регионот и случувањата се следат со голем интерес од домашната и меѓународната јавност.

crna goranatovladaZaev

Би можело да ве интересира

Руте за Трамп: Прави добро за НАТО, кога фалам некого, тоа се базира на факти

А1он12/01/2026 - 16:3012/01/2026 - 16:11

Таен состанок во НАТО, ќе се зајакнува военото присуство на Гренланд

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 17:1009/01/2026 - 17:38

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Горан Наумовски30/12/2025 - 15:13

Завиткано тело пронајдено во река во Црна Гора, рацете му биле врзани

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 11:53

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 09:1027/12/2025 - 12:10

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Горан Наумовски23/12/2025 - 16:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен