Средба Заев – Касами за поддршка на уставните измени

Од:

Премиерот Зоран Заев попладне во 16 часот во неговиот кабинет ќе има средба со лидерот на БЕСА Билал Касами во рамки на консултациите со политичките партии за обезбедување двотретинско мнозинство за уставните измени.

Заев вчера изјави дека ќе стори се да обезбеди двотретинско мнозинство за поддршка на уставните амандмани, на пленарната седница. Тој е оптимист дека процесот ќе заврши успешно, и порано од предвидениот датум за гласање на амандманите предвидено за 15 јануари, бидејќи опозициската ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не учествува во расправата, но и дека поддршката со број на пратеници ќе се знае на чинот на гласањето.

-Ќе сторам се до последен момент за да обезбедиме двотретинско мнозинство и тоа ќе го соопштиме на јавноста во моментот на гласањето, или ќе споделиме задоволство од тоа што е постигнато или ќе ја понесеме одговорноста на целиот фокус што го дадовме на интеграциите, дополни Заев.

Најави дека наредните денови покрај со Касами ќе има средба и со Зијадин Села од Алијансата на Албанците. Од двајцата како недвојбени поддржувачи на интеграциските процеси на Македонија, рече, очекува сериозност и одговорност.

Третата и последна фаза од имплементацијата на Преспанскиот договор започнува следната недела на 9 јануари кога е закажана собраниската седница за усвојување на уставните измени. Текстот на амандманите на Уставот на предлог на Владата за да поминат треба да бидат поддржани од најмалку две третини од пратениците во законодавниот дом.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

ДУИ: Касами незаконски дели книги од големиот автор Исмаил Кадаре

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски

Касами: Неколкумина индивидуалци ја напуштија Алијанса за Албанците, останатите ќе продолжат да бидат дел од Владата