Средба Заев – Ховит: Демократска Влада по декември почнува со План 180

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска се сретна со пратеникот во Европскиот парламент, Ричард Ховит.

На средбата заеднички беше истакната неопходноста од регуларни избори во Македонија, како и потребата од демократска Влада во Република Македонија.

-Во декември мора да има фер избори и на таквите избори убедени сме дека СДСМ и опозицијата ќе ја добијат одговорноста да ја водат државата. Ние се отворивме целосно како партија за граѓаните и веќе работиме на приоритетите за граѓаните и за Македонија по декември. Човекот е во нашиот фокус, секој да има добар живот во Македонија и за таа цел вчеравечер Конгресот на СДСМ усвои План 180, на што ќе се посвети новата Влада во првите 6 месеци, како и План за итните реформи во првите две години од мандатот, рече претседателот Заев.

Пратеникот Ховит кој беше еден од тројцата европратеници што го олеснуваа преговарачкиот процес меѓу власта и опозицијата дава силна поддршка на напорите на СДСМ за обнова на демократските процеси во Македонија како и на заложбите за стабилизирање на животниот стандард на граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи