Средба Заев – Џули Бишоп: Бројната македонска дијаспора во Австралија налага интензивирање на соработка меѓу двете земји

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, господинот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и од Едмонд Адеми, министер задолжен за односи со дијаспората, денеска остварија средба со делегација од Австралија предводена од министерката за надворешни работи Џули Бишоп, која се одржа во кабинетот на премиерот Зоран Заев.

Премиерот Заев ги претстави пред министерката Бишоп првите 40 амбициозни денови од формирањето на Владата, потенцирајќи ги двете стратешки цели на Владата, членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

Премиерот ги подвлече блиските односи помеѓу двете земји најмногу поради бројната дијаспора која Македонија ја има во Австралија.

– Се надевам во иднина да ја подобриме соработката, затоа што владите се тука да им помагаат на граѓаните – рече премиерот Заев на средбата.

Премиерот, пред министерката за надворешни работи го покрена и прашањето за отворање на конзулат на Австралија во земјава, кој, како што рече тој, би им било од голема полза на нашите иселеници и на нивните семејства тука.

Тој исто така упати апел до министерката Бишоп, австралиската Влада уште еднаш да ја разгледа можноста да ја признае Република Македонија под уставното име.

Честитајки му го изборот за премиер на господинот Зоран Заев, министерката Бишоп рече дека, посетата на Република Македонија ја убедила дека новата Влада на Република Макеоднија, врти нова страница за да испише ново поглавје во односите помеѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Играч на македонскиот фудбалски клуб во Австралија – „Рокдејл Илинден“ е меѓу жртвите во масакрот во Бонди

А1он

ВИДЕО: Татко и син го извршија масакрот во Сиднеј, објавена снимка од пукањето

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Сите под 16 години во Австралија останаа без социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски