Играч на македонскиот фудбалски клуб во Австралија – „Рокдејл Илинден“ е меѓу жртвите во масакрот во Бонди

Од:

Фудбалер на македонскиот клуб Рокдејл Илинден, Ден Елкајам(27), е убиен во терористичкиот напад во Сиднеј на плажата Бонди во Сиднеј, објави клубот на социјалните мрежи.

„Со екстремен шок и така соопштуваме дека нашиот фудбалер Ден Елкајам е жртва на страшните, трагични и бесчувствителни настани кои се случија на Бонди плажата во недела на 14 декември 2025 година. Ден беше интегрален член на нашиот тим, кој беше екстремно талентиран и популарна личност меѓу соиграчите. Наша најголема тага и сочувство за фамилијата на Ден, пријателите и сите кои го познаваа. Ќе недостасува. Нека почива во мир“, објави клубот Рокдејл Илинден.

Нападот го извршија татко и син, убија 15, а ранија 40 луѓе. На плажата Бонди за време на нападот се одржуваше настан по повод првиот ден од еврејската прослава на празникот Ханука.

Елкајам е француски државјанин.

Би можело да ве интересира

Дете пронајдено починато во автомобил во Австралија – жена и три деца се ранети

А1он

Страшен напад од ајкула пред капачите: Мажот не преживеа

Млад фудбалер загина синоќа во сообраќајна несреќа

А1он

(ВИДЕО) Познатиот аргентински фудбалер има проблеми со менталното здравје

А1он

Халанд го промени имиџот

А1он

(ВИДЕО) Застрашувачка сцена: Гром уби фудбалер за време на натпревар

Горан Наумовски