Спасовски и Жерновски разговараа за нерасчистените напади врз општината Центар

Од:

Денеска се одржа работна средба меѓу министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

На состанокот се отворија повеќе теми во делот на безбедноста во сообраќајот во општина Центар и се договори соработката меѓу Министерството и општината за новиот сообраќаен режим во “Дебар Маало”. Градоначалникот Жерновски побара засилени контроли од страна на сообраќајната полиција со цел подигнување на безбедноста, почитувањето на сообраќајните прописи и намалувањето на сообраќајните незгоди.

Воедно, се разговараше и за останатите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на општина Центар, како што се бучавата од угостителските објекти и безбедноста на граѓаните, за што министерот Спасовски вети дека ќе преземе конкретни мерки.

На средбата се отвори и една од најгорливите теми за граѓаните на општина Центар, а тоа се нерасчистените напади на општината.

Министерството, водено од претходното раководство, воопшто не постапуваше по овој случај а истиот датира уште од јуни 2013 година. Во нападите беа демолирани бараките на општината и еден советник беше повреден, но против никој не беше поднесена кривична пријава.

Овој случај и’ е познат на јавноста и од таканаречените „бомби“, каде се слуша како премиерот Груевски нарачува насилство врз градоначалникот и е директно вмешан во организација на овие напади. Истиот случај, Европската Комисија  го наведуваше како проблем две години по ред во Извештајот за напредокот на земјата, потенцирајќи дека тој не е решен и дека “имаше недоследни истраги од страна на власта за нападите и вандализмот над зградата на општина Центар”

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни