Средба Шекеринска-Дингисан: Да не се отвораат прашања за кои има решенија во Пржинскиот договор

Од:

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска придружувана од членката на И.О на СДСМ и заменик претседателка на Собранието на Р.Македонија, Рената Дескоска денеска се сретна со заменик претседателката на Риксдагот на Кралството Шведска, Изабел Дингисан.

На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во Македонија, текот на преговорите и потребата на граѓаните од брзо решавање на длабоката политичка криза преку одржување фер и демократски избори.

-Власта бега од Договорот во Пржино затоа што тој обезбедува решенија за организација и спроведување фер и регуларни избори од коишто тие се плашат. Целта на власта е преку измените во законите коишто ги ограничуваат ингеренциите на министерот за внатрешни работи, да го закочат процесот за обезбедување на основните услови за одржување фер и демократски избори. СДСМ заедно со граѓаните цврсто стои на ставот дека се опција само регуларни избори. Посветено работиме на решенијата за клучните услови, не отвораме нови прашања и тоа е начинот да се постигне договор, што власта очигледно не го сака, рече заменик претседателката Шекеринска.

На средбата заеднички е констатирана потребата од демократски институции во коишто граѓаните ќе имаа доверба, како и обновување на демократските процеси што ќе обезбедат стабилна иднина за граѓаните и државата.

Би можело да ве интересира

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Шекеринска: Принципиелно и чесно е да не учествувам во следната Влада

Ана Ололовска

Шекеринска – Брнз: Обуката на Лесната пешадиска баталјонска група со американски инструктори – важна страница во билатералната соработка

А1он

Средба на Шекеринска со поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт

А1он

Шекеринска од Вашингтон: Ќе побараме силна поддршка од САД за продолжување на нашиот европски пат

А1он

Адмирал Бурк по средбата со Шекеринска: Имавме многу продуктивни разговори, благодарност за учеството во КФОР

А1он