Средба Шахпаска-Саити: Црвениот крст е наш партнер во заложбите за помош и поддршка на најранливите

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска имаше средба со претставници на Црвениот крст, на која разговарале за продолжување на соработката за унапредување на социјалната и економската состојба на граѓаните.

-Значењето на Црвениот крст на Северна Македонија е огромно. Тој е наш партнер, со кој сме на иста линија и заедно се залагаме за унапредување на социјалната и економска состојба на граѓаните преку социо-психолошка и материјална помош и поддршка на оние на кои им е неопходна и најпотребна, истакнала министерката Шахпаска на средбата.

Од страна на Црвениот крст беа посочени нивните активности кои се во доменот на асистенција на ранливите групи на население. Како што се, активности за одговор на предизвици настанати од КОВИД 19, соработка во делот на лична асистенција на лица со попреченост и нега на стари лица и лица со попреченост, социјализација на деца и млади со попреченост, помош за мигранти, бегалци и баратели на азил, помош на деца на семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток.

На средбата се разговарало и за реалните можности за развој и реализација на заеднички проекти одобрени од МТСП, а финансирани од европски програми, австрискиот Црвен крст и во соработка со меѓународни организации.

Министерката Шахпаска изразила подготвеност за продолжување на заедничката соработка и во иднина и исполнување на заедничките приоритети, помош и поддршка на ранливите категории на граѓани.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

A1on

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите