Средба Шахпаска – Елерајт: Преку интензивен социјален дијалог треба да дојдеме до одржливи законски решенија во интерес на безбедноста и здравјето при работа

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска имаше средба со Ева Елерајт, постојана претставничка на Фондацијата Фридрих Еберт во Република Северна Македонија на која беше потврдена заложбата за заедничка интензивна соработка, особено во делот на унапредување на безбедноста и здравјето при работа на работниците.

Од МТСП соопштија дека Шахпаска најавила дека за неа како министер еден од најважните приоритети во наредниот период е креирање на нов закон за работни односи, но и нов закон за безбедност и здравје при работа, вклучително и стратешките документи во делот на БЗР, кои ќе гарантираат просперитет и сигурност кај работниците, здрави и безбедни работни места, кои истовремено ќе создадат услови за стопанствениците за напредок и развој.

– Безбедноста и здравјето при работата, заштитата на работничките права но и трипартитниот дијалог меѓу работниците, работодавачите и Владата се приоритетите на кои јас како министер, но и как Владата сме определени да работиме. Неопходна е вклученост на сите партнери во тој социјален дијалог за да дојдеме до одржливо решение кое ќе ги одразува потребите на работниците и работодавачите за подолг период. Затоа и благодарам на Фондацијата Фридрих Еберт за поддршката што ни ја дава на ова поле и очекувам дека во наредниот период ќе имаме уште поинтензивна соработка особено во пресрет на почетокот на пристапните преговори за членство на нашата земја во Европската Унија, порача Шахпаска.

Елерајт оценила дека безбедноста и здравјето при работа е полето на кое и тие како Фондација имаат за цел да се фокусираат во наредниот период.

– Ви стојат на располагање сите ресурси што како Фондација ги имаме и овде во седиштето во Република Северна Македонија, но и во нашите центри во Белгија и во Германија, особено во делот на дигитализацијата на трудот, рече Елерајт.

Од МТСП посочија дека двете соговорнички се согласиле дека за суштински промени е неопходна сериозна посветеност и упорност и во тој контекст треба да се разбере дека да се биде членка на ЕУ не е награда, туку е постојан натпревар.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска