Средба Рикер-Иванов

Од:

Заменикот помошник државен секретар на САД, Филип Рикер од денеска до 25 август ќе престојува во Македонија, на покана од претседателот Иванов.

Тој ќе се обрати на отворањето на конференцијата на школата за млади лидери , која се одржува под покровителствот на претседателот Иванов, што ќе се одржи во Охрид. Како што соопшти Американската амбасада, за време на неговата посета Рикер ќе оствари и средби со претставници на владата, бизнисмени и лидери на заедниците.

Во Охрид, денеска ќе се оствари и средба Рикер-Иванов.

Заменикот на Хилари Клинтон ќе посети и други земји во регионот. Инаку, ова е втора посета на Рикер на Македонија оваа година. Актуелните теми, како спорот за името, се очекува да бидат во фокусот на разговорите за време на неговите средби со државниот врв.

Би можело да ве интересира

Хегсет: Иран се обиде да го убие Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Американски Ф-15 соборен, повторно

Иран тврди: Започнавме три големи операции

Мокбер: Нема преговори со Американците, можеме да се бориме колку што сакаме

ВИДЕО: Повторно летаат ракети, гори американскиот конзулат во Дубаи

(ВИДЕО) Иран: Уште не сме го употребиле нашето најнапредно оружје