Средба Поповски – Бан Ки Мун

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски имаше работна средба со генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун.

Како што соопшти МНР, министерот Попоски и првиот човек на Светска организација, разговараа за голем број актуелни прашања од агендата на ОН: ангажманот во разрешување на кризните жаришта во светот, со посебен акцент на состојбата во Сирија, справувањето со глобални предизвици како што се искоренување на сиромаштијата, борбата против тероризмот, климатски промени, енергетска ефикасност, непролиферацијата на оружје, натамошните активности во делот на одржливиот развој по неодамнешната конференцијата Рио+20 и други актуелни прашања од агендата на ОН.

Министерот Попоски ја подвлече поддршката на Република Македонија кон напорите на Светската организација за зачувување на мирот и безбедноста и справувањето со глобалните предизвици и кризи, а особено на заложбите на Генералниот секретар за спроведување на реформи на целиот систем на ОН, неговите активности за разрешување на состојбата во Сирија, транзицијата во Либија и Тунис и натамошните активности во делот на одржливиот развој.

„На средбата, на која присуствуваше и специјалниот претставник на Генералниот секретар за спорот со името Метју Нимиц, се разменија мислења за изнаоѓање начин за интензивирање на разговорите под покровителство на ОН, со цел што побрзо разрешување на ова прашање. Министерот Попоски го истакна нашиот конструктивен пристап во процесот, изразувајќи надеж и очекување дека и другата страна ќе пристапи со добра волја и подготвеност за суштински исчекор во насока на изнаоѓање заемно прифатливо решение“, стои во соопштението од МНР.

Средба Поповски-Бан Ки Мун

Би можело да ве интересира

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов