Средба Пендаровски – Петков: Потребно враќање на довербата меѓу двете влади

Од:

Претседателот Стево Пендаровски го прими претседателот на Владата на Република Бугарија, Кирил Петков, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за можностите за унапредување на билатералната соработка во повеќе сфери од заеднички интерес, со оглед на тоа дека Северна Македонија и Бугарија се блиски соседи и сојузници во НАТО. Во таа насока претседателот изрази поддршка за започнатиот дијалог меѓу двете влади, изнесените конкретни предлози, како и намерите за интензивирање на разговорите во наредниот период со цел постигнување мерливи резултати во интерес на граѓаните.

Во однос на отворените прашања меѓу двете земји, претседателот посочи дека е потребно враќање на довербата меѓу двете влади, што ќе придонесе за засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања. Надминувањето на меѓусебните недоразбирања е важно за напречено одвивање на македонските евроинтеграциски процеси, како и за неутрализирање на растечкиот евроскептицизам и негативните тенденции во регионот.

Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија во духот на добрососедството и почитување на принципот на еднаквост меѓу двете страни, има силна политичка волја да го продолжи дијалогот, со цел изнаоѓање на компромисно решение за отворените прашања.

Тој додаде дека отпочнувањето на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија ќе претставува придобивка за просперитетот и стабилноста на целиот регион. Тоа дополнително ќе влијае на унапредување на соработката во економијата, трговската размена, инфраструктурното поврзување како и соработката во областите на образованието, здравството и културата.

Би можело да ве интересира

Петков: Очекувам во следниот период Македонија да направи некаков вид институција при тамошната Влада за правата на Бугарите

Катерина Павлова-Николовска

Средба на претседателот Пендаровски со г.г. Стефан: Разговарано за актуелностите поврзани со решавањето на статусот на МПЦ

Ана Ололовска

Петков нареди ревизија на „Турски поток“, според него – корупцијата е инструмент на влијанието на Путин во Бугарија

А1он

ВИДЕО: Пендаровски присуствуваше на воената вежба „Брз одговор 22“ на Криволак

Ана Ололовска

Пендаровски: Само достоинствено, со почитување на правото на самоопределување може да зборуваме за обединета Европа

Катерина Павлова-Николовска

Петков: Привршуваат тестовите на гасната интерконекција меѓу Бугарија и Грција

А1он